Почетна / Градина / Хортикултура / Бенџамин (Ficus benjamina)

Бенџамин (Ficus benjamina)

click here 14/02/2018 Хортикултура

enter Бенџаминот (Ficus benjamina) е едно од најчестите растенија за домот. Може да го видиме насекаде во домовите и канцелариите, до излозите на продавниците.

Бенџаминот расте како дрво со овални сјајни листови.

Во нашата земја е типично домашно растение, но во топлите места се развива одлично и надвор. Може да растат доста големи ако му се обезбеди соодветна саксија, но потребна е добра дренажа.

Може да расте заедно со други растенија во саксија. Нај популарни се видовите:

– „Golden King“ – каде рабовите на лисјата се жолтеникави. (слика 1)

– „Midnight Lady“ – со темно зелени листови. (слика 2)

– „Naomi“ – со темно зелени листови.

– „Samantha“ – со темно зелени листови и светло зелени рабови на листовите.

– „Starlight“ – имаат бело на работ на лисјата.

Се наводнува само кога горната почва е сува на допир. Ако Бенџаминот е во саксија во домот, треба да се зголеми влажноста на воздухот во зима. Најлесен начин е да ставите сад со вода на радијаторите и често да ги пулверизирате лисјата со млака вода. Уште подобро решение е ако ја ставите саксијата во поголем сад полн со камчиња и вода. На овој начин водата испарува и листовите ја добиваат потребната влага. Но треба да се внимава коренот да не биде постојано во вода, бидејќи може да изгние.

Види

Како се засадуваат цвеќиња и билки

Се поставува слој со дебелина од 2-3 см од трошен камен, керамизит или испукани парчиња …