19.04.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Хамедореја елеганс (Chamaedorea elegans)

Хамедореја елеганс (Chamaedorea elegans)

Хамедореја елеганс (Chamaedorea elegans) се видови на палми кои потекнуваат од семејството „Arecacea“.

Ова е најпопуларна палма кога станува збор за собно одгледување. За татковина се смета Централна Америка, Мексико и Гватамела.

Достигнува височина 2,5 метри и дијаметар околу еден метар. Идеалната температура за одгледување на оваа палма е 15 – 25 степени.

Се полева умерено во текот на потоплите периоди, додека во текот на зимата помалку. Бара редовно оросување, особено во топлите периоди и редовно да се отстранува прашината од нејзините листови. Може да се ѓубри со течно ѓубриво во текот на растот и тоа на секои две недели. Најмногу сака сончеви места со комбинации на полусенка. Се размножува со семе.

Види

Рафлесија – најголемoто цвеќе во светот

Ова растение се нарекува Рафлесија „Rafflesia arnoldii“ и може да се најде во дождливите шуми …