29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Филодендрон

Филодендрон

Филодендронот „Monestera deliciosa“ е растение кое води потекло од шумите на Средна Америка, Мексико.

Има многу раскошни листови. Често ги сретнуваме по домовите, канцеларите, ходниците за што збори нивната погодност.

Името „deliciosa“ се однесува на тоа дека растението има јадливи плодови кои се јавуваат кај постарите растенија. Плодовите имаат жолти до бледо кафена боја.

За правилно одгледување на ова растение потребно е да му се обезбеди доволно влага. Не сака да биде изложено директно на сонце, но сепак има потреба од дневна светлина. Најдобро се равива на температура од 20 степени во зима, а 30 степени во лето.

Може да се наводнува преку целата година, со тоа што во зимата поретко, но сепак ова растение сака вода. Бара да се приѓубрува со хумус и да биде засадено во тресет земја. Поради тоа што брзо се развива и кореновиот систем, потребно е редовно пресадување на 2-3 години во поголеми саксии.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …