Почетна / Градина / Хортикултура / Вербена – едни од поубавите цвеќиња за балконот

Вербена – едни од поубавите цвеќиња за балконот

buy Lyrica 150mg 22/05/2018 Хортикултура

here Вербените се едни од поубавите цвеќиња за балконот. Водат потекло од Јужна Америка. За предок се смета „Verbena peruviana“ која дава црвени тонови, „Verbena phlogifolia“ и „Verbena incisa“, со претежно розови и пурпурни нијанси. Мирисот на вербените доаѓа најмногу од „Verbena platensis“.

Боите на современите хибриди се појавуваат со густи и слични на класи соцветија. Тие се култивираат како едногодишни растенија. Меѓу многубројните видови најпогодни за балконот се преставници со височина 20-25см, кои растат нагоре, влекачи или малку висечки:

• “Лилјаково Море на бои” (виолетова тонови), 30см, висечки.

• “Новалис” (сите нијанси), 20см, исправен, компактен, расте во круг.

• “Дерби” (сите нијанси), 25см висок, расте нагоре. • “Спаркл”, 20см висок, исправен, компактен.

• “Шоутаим Бел”, понизок од 20см, влекач, виолетово-црвена боја.

Периодот на цветање е од јуни до октомври и преферираат сончеви места. Се садат на растојание 20см една од друга.

Се полеваат обилно, но не треба да се задржува водата во нив. Има слаба потреба од хранливи материи и прецутените лисја задолжително да се отстрануваат.

Може да се размножуваат со семе од февруари до април со температура на почвата од 18 до 20°С. Вербените може да се комбинираат и со растенија со сребрени листови или бои, како Сенециото или Салвијата (Salvia farinacea “Сребро”).

Види

Дизајн на балконот

За многу љубители на цвеќиња и градини, балконот е единствениот зелен простор. Стандардниот балкон е …