Почетна / Совети / Избор на балконски растенија

Избор на балконски растенија

buy Lyrica in thailand 02/05/2018 Совети

buy provigil online with paypal Во градовите балконите и терасите често претставуваат единствено место каде што може да се одгледува цвеќе на отворен простор.

Балконите и прозорците со цвеќето претставуваат исклучителен украс и за дворовите и за улиците.

Таа мала “градина” може да стане гордост и радост на станарите, а воедно и убава слика за сите минувачи и соседи.

Растенијата на терасите, прозорците или на оградите имаат отежнати услови на раст. Изложени се на силни ветрови и сонце, чие пак дејство е засилено од близината на ѕидовите и прозорските стакла. Затоа треба да се изберат сорти на цвеќе кои не се многу чувствителни и кои се отпорни на ветар и сонце. Освен ова, треба да се познаваат и основните животни услови на одредени видови на растенија и да се води сметка на кое место се поставени.

Многу важно е да се знае на која страна на светот се свртени прозорците и балконите. Некои видови не поднесуваат силна сенка, па така во сенка или воопшто не цутат или пак цутат многу слабо. На други пак им пречи силното сонце. Затоа, при садењето и негата на овие растенија треба да им се посвети посебно внимание.

Види

Природни средства против комарци и инсекти

Сите го обожаваат летото, но различни инсекти може да ви расипат дел од него. Затоа …