20.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Лекување со растенија – запек на бебето

Лекување со растенија – запек на бебето

Во случаите кога “запекот” се одолговлечи премногу долго, според вас / или според вашите блиски / можете да му дадете на бебето олеснително средство. До две годишна возраст пожелно е да избегнувате користењето на лекови кај децата, особено кај мали бебиња. Безбедни за употреба дури и кај најмалите бебиња се некои растенија.

Најдоброто растение при запек е маслодајна Роза / Rosa damascena Mill. /. Таа може да се користи дури и за мали бебиња. 1 лажичка цвет од маслодајната роза се вари со 50 мл вода за 5 минути, се остава 5 минути, а потоа се цеди, лади и се дава со цуцла или со лажичка – 1 до 2 чајни лажички / 5 – 10 мл чај / – два или три пати на ден, додека не се добие саканиот ефект. Кај деца над 1 годинка дозата е 1 до 2 лажици 3 пати дневно / 10 – 20 мл /.

Друга соодветна билка за лекување на запек кај малите деца е корен од рика / Rheum palmatum L. /. Таа не го потиснува апетитот и не го нарушува варењето. Дејството настапува 8 – 10 часа по земањето, без да се влијае на функцијата на желудникот и тенкото црево. Оваа билка е соодветна кај дете над 1 година. Се користи на следниов начин: 1 лажичка корен од рика се вари со 100 мл вода за 10 минути, се остава 5 минути, а потоа се цеди, лади и се дава со цуцла или со лажичка – 1 до 2 чајни лажички / 5 – 10 мл чај / – два или три пати на ден, додека не се добие саканиот ефект.

Види

Ова растение го има во нашата држава – Tоа е вистинско богатство за здравјето

Коњско опавче или пршлика е род на васкуларни растенија кои се размножуваат со спори наместо …