19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Николовски: Искористувањето на ИПАРД Програмите e еден од главните приоритети на МЗШВ

Николовски: Искористувањето на ИПАРД Програмите e еден од главните приоритети на МЗШВ

Програмата ИПАРД 2007-2013, или т.н ИПАРД 1, заврши, последните исплати кон крајните корисници се реализирани и според податоците беа составени 3.069 барања за користење на ИПАРД средства, а се исплатија  1.052 барања, во вредност од 16 милиони евра.

Министерот Николовски потенцираше дека Владата континуирано ќе преземама мерки кои ќе го помагаат процесот на поголема искористеност.

„Еден од проблемите со кој се соочуваат потенцијалните корисници на ИПАРД Програмите е недостаток на средства за реализација на инвестицијата,  и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со другите институции забрзано  работи на воспоставување на механизам, односно  гарантен фонд, кој би овозможил предфинансирање не само за ИПАРД Програмите,  но и за генерирани инвестиции во агро-бизнис секторот“, изјави министерот Николовски.

Воедно министерот Николовски, денеска имаше и работен состанок со првите луѓе од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија (DG Agri), на кој што се разговараше за статусот и динамиката на примените апликации на последниот повик за ИПАРД. Министерот Николовски најави зајакнување на капацитетите на Платежната агенција, се со цел поефикасно контрактирање и исплаќање на корисниците. До крајот на месецот, МЗШВ ќе испрати пакет со измени на ИПАРД Програмата,  со што ќе се симплифицираат условите и критериумите за аплицирање и ќе се  предложи во Програмата да влезат две нови мерки, односно мерки за  Советодавни услуги и ЛИДЕР пристапот.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …