Почетна / Градина / Вести / Николовски: Искористувањето на ИПАРД Програмите e еден од главните приоритети на МЗШВ

Николовски: Искористувањето на ИПАРД Програмите e еден од главните приоритети на МЗШВ

http://lafranglaise.com/wp-cron.php?doing_wp_cron=1511354790.2520980834960937500000 09/02/2018 Вести

cheap date lyrics Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Охрид, присуствуваше на Работилницата за имплементација на ИПАРД Програмите, на која што присуствуваа првите луѓе од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија (DG Agri) и од Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG, како и директори и претставници на Платежните агенции од Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово.

Оваа работилница се одржува во период кога сите предлози и забелешки се добредојдени за подобра реализација на ИПАРД Програмите. Работилницата е во организација на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG.

Претставниците од Платежните агенции од Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, на работилницата ги презентираа своите искуства во користењето на европските фондови, проблемите со кои се соочуваат, но и изнесоа предлози за поефикасна искористеност на ИПАРД Програмите.

Министерот Николовски ги посочи искуствата на Република Македонија во користењето на европските фондови, потенцирајќи дека се направени  анализи, детектирани се слабостите и веќе се адресираат за решавање со цел да не се повторат истите грешки и во искористувањето на  ИПАРД II.

„Едно од горливите прашања во ИПАРД е соодветна екипираност на надлежните институции односно на Платежната Агенција и Телото за управување со ИПАРД. Владата на Република Македонија  го детектираше овој проблем и веќе во тек е процесот за првите нови вработувања и кадровска екипираност на Платежната Агенција и на Телото за управување со ИПАРД. Пред Платежната Агенција и пред Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство стои голем предизвик со реализација на ИПАРД II. На првиот јавен повик од ИПАРД Програмата 2014-2020 кој беше реализиран лани, имаме рекордно голем број на добиени барања за ко-финансирање од ИПАРД. Пристигнати се  1.649 барања и побарани над 55 милиони евра за ко-финансирање, а целата ИПАРД Програма 2014-2020 која може да се користи до 2023 година изнесува 60 милиони евра. Пред нас е предизвикот да се обработат сите барања и да се потпишат договори со корисниците, и оваа година да имаме исплати, за што . Платежна Агенција прави големи напори за да се забрза овој процес“, изјави министерот Николовски.

Види

Си го бојадисал својот тревник во зелено

Човек од Индијанаполис поради тоа што не сакал често да го наводнува дворот, се решил …