Почетна / Совети / Корисните својства на ацеролата

Корисните својства на ацеролата

follow url 08/02/2018 Совети

Ацеролата е малo дрво со мали црвени плодови, слични на црешите. Расте во Јужна Америка, Бразил, Јамајка. Во Бразил сокот од ацерола е толку популарен, колку сокот од портокал во Северна Америка.

Се користи како антивоспалително и диуретично средство, помага за срцето и лекување на рани. Помага и при анемија, дијабетес, високо ниво на холестерол, проблеми со црниот дроб, ревматизам и др. се користи како додаток во исхраната.

Во споредба со портокалите ацеролата има повисока концентрација на витамин Ц, обезбедува два пати повеќе магнезиум, калиум и витамин Б5. Исто така содржи витамин А, витамин Б3, рибофлавин и др.

Според некои истражувања кората, листовите и плодот имаат антигабични својства.

Поради високата содржина на витамини главно се употребува за настинки и грипови, нега на кожата, против брчки, како здрав тоник.

Види

Совети за собните растение додека сте на одмор

Кога одите на одмор, вашите растенија во домот сеуште им е потребна грижата. Особено им …