19.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Змиско млеко (Chelidonium majus L.)

Змиско млеко (Chelidonium majus L.)

Змиското млеко, жолтеничето или жолтата млечка растат низ целата земја во шумите и влажни места, грмушките и напуштените земјишта.

Корисен дел се надземните делови на растението, кои се берат и сушат за време на цветањето. Сушењето е најдобри да се одвива на сенка или во машина за сушење при 45 °С.

Во својот хемиски состав растението содржи изохинолинови алкалоиди, флавоноиди, органски киселини, витамин Ц и др. Присуството на различни алкалоиди го стимулира создавањето и лачењето на жолчката, и ја засилува цревната перисталтика.

Растението ја стимулира и функцијата на црниот дроб. Некои дејството на Змиското млеко го споредуваат со тоа на морфиум, бидејќи има смирувачко дејство. Но, ова растение не создава зависност. Се користи при црнодробни и жолчни болести (жолчни камења, песок, жолтица), при гастритис, дијареа, пречки во варењето на храната.

Во народната медицина растението се употребува при глисти, гихт, хемороиди, нередовна менструација и др. Има податоци дека свеж сок влијае поволно кај псоријаза, егземи, рак на кожата, брадавици и др.

1 лажица од растението се попаруваат со 300 мл врела вода. Така требада отстои околу 1 час. Се прецедува се и се пие по 1 лажица пред јадење 3 пати дневно. Внимание! Билката спаѓа во високо токсичните и може да се употребува само по рецепт на лекар!

Види

Ова растение го има во нашата држава – Tоа е вистинско богатство за здравјето

Коњско опавче или пршлика е род на васкуларни растенија кои се размножуваат со спори наместо …