Почетна / Градина / Лек / Како успешно да се изборите против кашлицата

Како успешно да се изборите против кашлицата

source site 08/02/2018 Лек

cheap Lyrica canada Зимата е во полн замав и настинките и вирусите ни се чести “гости”. Кашлицата е природен заштитен рефлекс, со кој се отстрануваат вируси, бактерии, честички од нечистиот воздух, непотребен секрет. Затоа лесната кашлица, која не го нарушува сонот на детето, не треба да се потиснува.

Ако земете лекови за потиснување на кашлицата, секретот ќе отиде во респираторниот систем, а тие се идеална средина за развој на бактерии. По неколку дена ќе почне температура и ситуацијата да се влошува.

Најважно е да се лекува причината која довела до кашлица.Таа може да е предизвикана од секрети од носот во грлото, да има воспалена слузница на фаринксот и крајниците која исто предизвикува иритација. Тоа се најчестите причини за кашлица.Во овие случаи најпогодна е гаргарата со камилица и сода.

Не заборавајте на течностите! Густиот жилав секрет треба да излезе надвор, за да престане кашлицата. Тоа станува со пиење на повеќе течности според преференциите чаеви, сокови и водата. При третман со чаеви најчесто кашлицата се лекува се подбелот, мајчината душица, жалфијата, камилицата, липата. Може да го засладит со мед за подобар ефект.

Инхалирајте со средство за навлажнување и смирување на слузокожата на дишниот систем. Најдобро е тоа да се прави со медицински инхалатор. Влажниот воздух е многу пријатен, бидејќи не е жежок. Може да се примени и кај бебиња откако во резервоарот ставите само физиолошки раствор од ампула. Доволни се 2 мл. физиолошки раствор, вдишувајќи 6-7 минути. Може да се направи и со тенџере со вода (камилица) и сода.

Види

Растенијата против алкохолизмот дејствуваат бавно, но ефикасно!

Употребата на растенијата биле сигурен пристап за зајакнување на организмот и лекување на болести. Природните …