Почетна / Градина / Лек / Жен-шен (Panax ginseng СЕ. Mey)

Жен-шен (Panax ginseng СЕ. Mey)

source url 19/06/2018 Лек

buy gabapentin from india Жен шенот расте во листопадни и четинари шуми. Пренесен е од Кина и Северна Кореја. Корисен дел на растението се корените.

Во својот хемиски состав содржат тритерпенови гликозиди, етерични масла, сесквитерпени, виши масни киселини, глицерин и др. Жен шенот го отстранува заморот и ја зголемува физичката и менталната работоспособност.

Ја стимулира функцијата на надбубрежните жлезди и ја зголемува активноста на тироидната жлезаа.

За добивање на оптимален ефект од големо значење е администрираната доза, бидејќи при несоодветни дози можат да се добијат спротивни ефекти.

Во народната медицина жен-шенот се употребува за борба против стареењето, заморот и половата слабост. Се смета дека има одреден тераписки ефект при анемија, шеќерна болест, болести на црниот дроб и исцрпеноста.

Одлично делува врз менталната и физичката преумореност, при импотенција, при стресни ситуации, за подготовка при екстремни услови на живот (нуркачи, космонаути и др.), и за вкупно зајакнување на организмот. Мало парче од коренот (колку пченкарно зрно) се џвака до потполно распаѓање 3 пати на ден пред јадење.

Види

Глог – подобрувач на работата на срцето

Црвен глог, бел глог, глогинка се познатите други имиња за глогот. Тој најмногу вирее во …