Почетна / Градина / Вести / Македонскиот природен рубин е национален скапоцен камен со силно енергетско влијание

Македонскиот природен рубин е национален скапоцен камен со силно енергетско влијание

10/05/2018 Вести

http://rnrorganisation.co.uk/event/net-squared-midlands-tech-for-social-good-2/ Македонскиот рубин е изложен во Природнонаучниот музеј во Лондон, а се наоѓа и во збирката на примени подароци на Папата Бенедик XVI, актерката Дерил Хана, на принцезата Рани од народот Хунза од Пакистан.

НАЦИОНАЛЕН СКАПОЦЕН КАМЕН

Не многу земји во светот можат да се пофалат со свој национален скапоцен камен: австралиски опал, кинески жад, чешки гранат, балтички калибар… а од неодамна постепено се профилира и македонскиот рубин! Одбран како подарок за пријатели или соработници од странство, за спомен на нашите иселеници кога си доаѓаат дома. Или, пак, како нова идеа за свршенички прстен. Сето ова започна пред десетина години, со отварањето на дуќанчето за природни минерали и кристали до грчката амбасада во Скопје – “Деко”, кога по десетина години поминати во печење на овој специфичен занает, при ексклузивната колекција на италианскиот кафе магнат – Примо Ровис во Трст, Деан Шкартов се враќа дома и започнува со промоција на чудесниот свет на минералите и кристалите. Тој единствен спектар на бои, нијанси и нивни комбинации со уникатни природно создадени геометриски форми на кристалите со кои брзо ги освојува симпатиите на јавноста, а заради економската исплатливост, активноста се повеќе се насочува кон секторот за поправка и изработка на накит.

МАКЕДОНСКИ РУБИН

Во светот најпознати се црвените рубини. Но, тие се скапи, а оние, поекономичните многу често се синтетички. Постојат и природни рубини од економична класа, кои се најчесто со темно виолетова боја. Македонскиот рубин се одликува со специфична малино-розова боја, и со таа карактеристика може да стане лесно препознатлива. А на скалата на скапоцените камења секогаш стои при врвот според важноста, заедно со сафирот и смарагдот, веднаш по дијамантот. Неговата тврдина е многу висока (9 по скалата ан Мос), и по тоа доаѓа веднаш по дијамантот, кој е најтврт природен материјал. Тврдите камења тешко се обработуваат, но затоа, пак даваат висок сјај и се многу поотпорни на оштетување, а тоа ја зголемува нивната продажна цена.

ЕНЕРГЕТСКО ВЛИЈАНИЕ

Македонскиот рубин станува и нова база за изработка на препознатлив накит “Made in Macedonia”. Особено вграден во рачно изработен филигран, кој ги изразува умешноста и внатрешниот мир на артистот – занаетчијата. А селектираните примероци кои се со висок квалитет, квалитетно обработени и вградени во рачно изработено злато, станува предмет на културен интерес. Низ призмата на кристалотерапијата се предвидува дека со нашиот интерес и ангажман околу македонскиот рубин може да настане активирање на неговото енергетско влијание, а со тоа и санација на сите трауми што моравме да ги поднесеме низ историјата и денес, а сепак да останеме човечни и здрави.

Види

Совети за собните растение додека сте на одмор

Кога одите на одмор, вашите растенија во домот сеуште им е потребна грижата. Особено им …