25.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Индиска билка помага при дијабетес

Индиска билка помага при дијабетес

Научниците изолираa екстракт од индиско растение, коe може да помогне во лекувањето на дијабетес. За таа цел истражувачите од универзитетот “Суинбoрн” во Австралија истражуваат 12 видови растителни екстракти од лековити растенија.

Тие ја следат способноста да се забави дејството на два ензима, кои играат клучна улога во метаболизмот на јагленохидратите, односно нивото на шеќерот во крвта.

Донесените екстракти се од седум австралиски лековити растенија кои се користат од Абориџините и пет индиски растенија од ајурведа.

Екстрактите од австралиското сандалово дрво (Santalum spicatum) и индиското дрво (Pterocarpus marsupium) покажуваат најдобри резултати при забавување на дејството на двата ензима. Истражувачите се надеваат дека резултатите од истражувањето ќе помогнат во развојот на лекови за третман на дијабетес.

Важно е да се знае дека голем број растителни екстракти имаат потенцијал да се справат со здравствените проблеми, објаснуваат истражувачите. Податоците од истражувањето се објавени во списанието BMC Complementary and Alternative Medicine. Дијабетесот е еден од најсериозните здравствени проблеми на нашето време. Само во САД има околу 17 милиони болни. Околу 90-95% од сите случаи на дијабетес, се од тип 2. Во голем дел од случаите тип 2 дијабетес се јавува врз основа на дебелината и други нарушувања во метаболизмот, означување комплексно како “метаболичен синдром X”.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …