Почетна / Градина / Совети / Темјанушки – одгледување и правилни грижи за овие убави цвеќиња

Темјанушки – одгледување и правилни грижи за овие убави цвеќиња

orlistat online 12/02/2018 Совети

buy fincar pills no prescription Собните темјанушки се едни од најубавите и најлесни цвеќиња за одгледување. При доволно грижи би можеле да им се радуваме во текот на целата календарска година. Исклучително убави и со широк спектар на бои, темјанушките се цвеќиња кои придонесуваат за удобноста во домот.

За нивно одгледување потребно е да внимавајте на неколку работи:

Ставете ја саксијата со растението на место каде што има доволно светлина, но не премногу сонце. Заштитете го од директна сончева светлина на пладне. Најдобро е да ги ставите темјанушките на западниот прозорец, или да ги заштитите со завеси.

– Изберете мала саксија, околу десет сантиметри и не повеќе од тринаесет сантиметри во дијаметар. По можност од пластичен материјал.

– Обезбедете добра дренажа така што ќе го пополните садот до половина со керамзит и додадете малку јаглен.

– Важно за растението е правилно наводнување. Користете само топла водичка.

– Темјанушките треба да ги прскате и миете. Во никој случај не ставајте го растението на прозорецот влажно, инаку на него ќе се појават дамки.

Размножувањето на ова растение станува преку лисјата, откако ги засадите во посебен сад. Бидете трпеливи, бидејќи може да нема никаква промена долго време. Сите измени се вршат под земја и поради тоа не ги гледате.

Сега веќе знаете како да се грижите правилно за темјанушките. Како што гледате, тоа не е толку комплицирано колку што изгледа на прв поглед. Ви посакуваме среќа!

Види

Таа е преубава, повеќето ја имаме дома, иако сокот на растението содржи стрихнин кој е многу отровен

Дифенбахијата „Dieffenbachia“ потекнува од семејството Змијарникови (Araceae). Ова е многу популарно украсно растение. Потекнува од …