Почетна / Градина / Вести / Тиркиз – каменот кој може многу да ви помогне

Тиркиз – каменот кој може многу да ви помогне

http://paperbomb.com/home/attachment/brudenell 07/02/2018 Вести, Лек

Orlistat 120 mg cheap on online Бојата на тиркизот зависи од количината на други минерали во неговиот состав, па кога содржи повеќе бакар, сината боја му е поизразена. Зелената боја e резултат на присуство на железо и на двовалентен хром.

Тиркизот е полускапоцен камен со специфична сјајна, синозелена (т.н. тиркизна) боја, омилена во сите епохи, па и денес. Старите Египќани го користеле уште пред 5000 години, го користеле и Ацтеките, како и многу индијански племиња кои го нарекувале „Небесен камен“. Називот „тиркиз“ го добил по францускиот збор (turquoise = „турско“), бидејќи преку Турција, овој камен стигнал во Европа, во периодот на Крстоносните војни во XII и XIII век.

Без разлика дали ја сакате оваа боја или не, тој со сигурност ќе го привлече вашето внимание. Кога се во прашање трендовите и одбирањето накит, ако одберете тиркиз сигурно нема да погрешите, затоа што тој е секогаш ин. Можете да го комбинирате со злато и сребро, а тогаш и неговата лековитост се засилува.

Регенератор и тоник кој дава општо чувство на добросостојба и заштитеност. Ги поттикнува возвишените мисли, ослободува од “ропството” на чувствата, го развива вкусот за натсуштествената убавина, будејќи ја силата на духот во нас.
Често е употребуван како заштитна амајлија и камче за среќа.

Терапевтски својства: Се употребува при потешкотии во говорот и комуникацијата. Со други минерали добро делува врз штитната жлезда и тимусот.

Овој камен можете да го најдеме во продавничката на македонскиот Рубин или ТУКА

Види

Производството на тутун низ македонската традиција

Со засадени 14.150 хектари, откупени повеќе од 23.000 тони тутун за вредност од 60 милиони …