Почетна / Совети / Вашингтонија (Washingtonia robusta)

Вашингтонија (Washingtonia robusta)

follow 15/05/2018 Совети

see Вашингтонијата (Washingtonia robusta) потекнува од семејството Палмови (Arecaceae). Родното место е северозападно Мексико и југозападниот дел на САД. Овој род опфаќа два вида ветрилни палми, кои надворешно личат на „Pritchardia“ каде биле подрод до 1979год. Оваа палма развива здрави стебла кои растат доста високо и не паѓаат. Овие се едни од најпопуларните растенија во целиот свет. Успева најдобро онаму каде ќе и се овозможи да во текот на зимата температурата не паѓа под нулата.

Во текот на летото може да се полева почесто, но потоа се намалува. Најдобро е кога се ѓубри од април до август на секои две недели. Плодовите и се овални со должина околу 6мм и црно кафеави по боја. Бара сончеви места, но одлично и прилега и комбинацијата со полусенка. Расте високо и над 20 метри со дијаметар на стеблото од 1 метар. Во голема саксија можат да достигнат височина до 3 метри и ширина околу 2 метра. Се размножува со семе.

Види

Болести кај розите

Има една стара кинеска поговорка која вели: „ако сакате да се бидете среќен целиот свој …