Почетна / Совети / Бамбус (Bambusa aspera)

Бамбус (Bambusa aspera)

source link 06/02/2018 Совети

oeder robaxin on line Бамбусот е повеќегодишно растение. Неговата татковина е Источна и Јужна Азија. Познати се повеќе од 1600 видови.

Во својата татковина бамбусот е многу брзо растечко растение (до 100-120 см на ден), што на висина достигнува до 40 метри. Листовите се тесни и со должина до 10 см.

Во последниве години ова растение станува популарно и омилено за надворешна и внатрешна декорација.

Место: бамбусот не ги сака директните сончеви зраци и препорачливо место за него е на сенка или полусенка. Во летните месеци може да одлично да се развива во градината или на тераса. Во зима не дозволувајте температури пониски од 16-17 степени.

Нега: Најважно при неговото одгледување е високата воздушна влажност. Затоа, бамбусот е исклучително погоден за бања или друга влажна просторија со прилив на природна светлина. Во жешките летни денови благотворно му се одразува секојдневното пулверизирање. Наводнувањето на бамбусот треба да биде обилно. Во жешките летни месеци можете директно да нурнете до дното на саксијата во сад со вода. Во зима наводнувањето силно се намалува до степен да не се исуши сосема. Почвата супстрат за бамбус треба да биде хранлива и глинеста. Се пресадува секоја година на пролет.

Размножување: Со коренски гранки во пролет.

Совет за градинари: бамбусот е идеално цвет за бањата.

Види

Одлична идеја за сите градинари: Ефикасно и практично одгледување на краставици во буре

Во едно буре може да се одгледува толку краставици, колку што може и на површина …