Почетна / Совети / Мадагаскарска палма (Pachypodium lameri)

Мадагаскарска палма (Pachypodium lameri)

watch 06/02/2018 Совети

http://smartmedia.com.au//plus/mytag_js.php?dopost=saveedit Мадагаскарската палма (Pachypodium lameri) потекнува од Африка и Мадагаскар. Ова е интересно растение со долго стебло и заострени темнозелени лисја, кои се долги околу 20 см.

Достигнува околу 8 метри височина. Помеѓу нив се наоѓаат гиганти кои растат и до 10 метри височина.

Познати се околу 20 видови, и сите се декоративни. Кај нас често се сретнува „P. lameri“ позната како слонски крак. Достигнува височина околу 1 метар.

Цвета со убави асиметрични ливчиња, кои се во форма на жолти ѕвезди. Сака песоклива почва и се полева внимателно бидејќи не сака многу влага. Периодично потребно е и да се опрскува. Се ѓубри во периодот на растење, а тоа се случува во летните периоди. Во периодот на мирување можно е лисјата од ова растение да почнат да паѓаат.

Тоа е знак дека и полевањето мора да се намали. Бара повеќе сончеви и светли места и доколку имате можност во текот на летото да ја изнесете во градината или на балконот. Во текот на зимскиот период температурата не смее да биде пониска од 15 степени и повеќе се прилагодува кон сувиот воздух. Се размножува со семе и резници во текот на пролетта. Може да ја пресадувате во поголема саксија на секои 2 до 3 години. Сокот кој го испушта со бела боја е доста отровен особено за домашните миленици и децата.

Види

Совети за собните растение додека сте на одмор

Кога одите на одмор, вашите растенија во домот сеуште им е потребна грижата. Особено им …