20.04.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Градини, тревници …

Градини, тревници …

Од внатрешноста на домот вашиот поглед на светот ќе биде наедно и поглед на градината. Ако таа служи само за гледање, а такви се малку, би требало да се уреди.

На изгледот на самата градина придонесува правилното омеѓување, доброто поплочување, клупите, скулптурите, садовите за растенија. Меѓутоа, без цвеќе, украсни растенија, тревници и зеленило градината не би била тоа што е.

Можеби моментно не сте во ситуација или немате доволно пари за уредување на раскошна градина и можеби сте задоволни само со терасата и парчето поплочен простор. Но сите потајно сакаме нешто поубаво, можеби малку поголемо и помирно. Сите бараме некое свое катче, свој мир и опуштање во природа. Па зошто да ја немате природата во сопствениот дом и градината?

Да се посматра развојот и растењето на градината за секој креатор на градинарски простор претставува не само задоволство, туку и корисно искуство. За градината целосно да ја одрази идејата на својот автор, треба внимателно и промислено да и се пристапи уште на самиот почеток.

Градина со едноставни линии и природен тек со леснотија предизвикува привлечен впечаток на опуштеност и може да дејствува како да не е обликувана, иако најчесто настанала врз основа на мошне внимателно планирање.

Кај планирањето на градината треба да се примени начелото на обликување и да се избираат, одгледуваат и негуваат растенија на кои климата, опкружувањето и положбата на градината им одговараат. Украсни дрвја, украсни грмушки, ползавци, едногодишни и двегодишни растенија, лучнички растенија, кактуси, водени растенија. Се може да се комбинира и да се користи во уредувањето на градината. Само треба да се води грижа за боите и формите, времето на цутење и сето тоа заедно да се хармонизира.

Каменарите и песочните површини на секоја градина ќе му дадат додатна природна пријатност, а ако користите и растенија за каменари или алпски растенија, вашите камени стрмини, камени гредички, песочни и поплочени гредички со правилен избор на материјалот и растенијата ќе засветлат во полн сјај.

Види

Рафлесија – најголемoто цвеќе во светот

Ова растение се нарекува Рафлесија „Rafflesia arnoldii“ и може да се најде во дождливите шуми …