Почетна / Совети / Крлежот – опасност што демне

Крлежот – опасност што демне

http://oceanadesigns.net/wp-json/oembed/1.0/embed?url=http://oceanadesigns.net/envira/rainforest-brown/ 14/06/2018 Совети

http://kootenayhomes.com/city/genelle/?showposts=48 Пролетта е време кога се сеќаваме дека природата постои, но и време кога се будат инсектите, вклучувајќи ги и крлежите.

Крлежите (xodes ricinus) се ектопаразити кои ги напаѓаат сите цицачи и птици. Тие се составени од тело, четири пара нозе и устен апарат со кој цицаат крв. Се развиваат во фаза на јаце, ларва, нинфа и адултен облик.

Сите развојни облици, со исклучок на јајцата, цицаат крв. Постојат голем број различни видови на крлежи кои може да живеат на еден или повеќе видови животни. Нивната важност е голема затоа што при цицањето крв пренесуваат голем број протозои, бактерии и вируси, како кај животните, така и кај луѓето.

Постојат меки и тврди крлежи. Меките најчесто живеат во настамби, а тврдите во високите треви и грмушки. Доколку се присутни во голем број кај домашните животни, освен тоа што ги пренесуваат горенаведените агенси, може да предизви-каат и анемија, парези, парализи, па дури и смрт. Женката може да исцица и 4-5 ml крв и да положи и повеќе од 100.000 јајца. Клиничката слика, исто така, зависи и од тоа кој инфективен агенс го пренеле на животното додека цицале крв.

Интересно е тоа што крлежите можат да преживеат многу години и со малку цицање крв, а со тоа преживуваат и инфективните агенси што тие ги пренесуваат. Тие се распространети на целата планета и тешко се контролираат затоа што се наоѓаат насекаде.

Види

iMow: Косилката си коси, а Вие не мрдате ни со прст

Не, не е сон, туку фасцинирачка вистина: веќе не мора сами да ја косите тревата, …