Почетна / Совети / Обетката – омиленото цвеќе на нашите прабаби

Обетката – омиленото цвеќе на нашите прабаби

source 11/06/2018 Совети

http://datasciencemelbourne.com/pharmacy/dobupal/ Фуксијата потекнува од влажните и свежи планински предели на Средна и Јужна Дмерика. Имајќи го предвид потеклото, во зимските месеци треба да и се најде добро осветлено место на терасата или во станот, но не директно на сонце. Кога ќе ја сместите на погодно место, не е препорачливо да и го менувате бидејќи ќе ги отфрли сите пупки и цветови.

– Фуксијата се пресадува секоја година во февруари или март, понекогаш и подоцна, во еден до два броја поголема саксија. Доколку растението е поголемо, не мора да се пресадува секоја година.

– Смесата на земјата во која се одгледува треба да биде што похранлива и растресита и затоа е најдобро да се купува тресетна земја, којашто треба да се помеша со малку песок. Доколку имате добро прегорено шталско ѓубре, може да се измеша во еднакви количини со тресетот и песокот, а на дното на саксијата се става дренажен слој од покрупен песок или искршени делови од стара теракотна саксија.

– Пред пресадувањето растението малку се потстрижува (од пет до десет сантиметри, во зависност од големината на растението). Отсечените делови немојте да ги фрлате бидејќи може да послужат за резници.

– Во текот на целата вегетација фуксијата треба да се полива добро, особено во летните месеци и тоа секојдневно, а во многу топлите денови треба и да се оросува со млака вода.

– Растението треба редовно да се прихранува. Најдобро е да се прихранува со течни минерални ѓубрива како што се „Цветал” или „ Wuhal” и тоа еднаш неделно по 2 гр. на литар вода.

– За обетката да биде густа, пожелно е неколку пати во годината да се потскратува. Обетките кои се на тераса или во дворот пред крајот на септември треба да се внесат внатре, во поладна светла просторија (може и во подрум, но не под 8°С.

– За време на зимскиот период растението се полива ретко и малку, само колку да не се исуши.

Заштита

Види

iMow: Косилката си коси, а Вие не мрдате ни со прст

Не, не е сон, туку фасцинирачка вистина: веќе не мора сами да ја косите тревата, …