Почетна / Совети / Обетката – омиленото цвеќе на нашите прабаби

Обетката – омиленото цвеќе на нашите прабаби

source 11/06/2018 Совети

http://datasciencemelbourne.com/pharmacy/dobupal/ Обетката или фуксијата (fuchsia) било омиленото цвеќе на нашите прабаби, но оваа убавица и денес е многу барана и одгледувана во целиот свет.

Селекционерите и обрнуваат големо внимание, па така постојат преку 800 хибридни сорти на фуксијата.

Во Македонија, секако, не можат да се најдат сите видови, но љубителите на ова цвеќе сигурно можат да најдат барем дваесетина вида во нашите расадници и цвеќари.

Карактеристики

Фуксијата е повеќегодишно и полузимзелено растение кое го добило своето име по човекот со две професии, ботаничар и лекар, Леонард Фукса.

Фуксијата ја има како исправено и како висечко цвеќе. Со специјална нега и потстрижување може да се добие цело стебленце преполно со цветови кое повеќе години ќе ја краси вашата тераса или двор. Фуксијата цвета раскошно од април до крајот на есента. Висечките видови на фуксијата, поради својата форма, се познати и под името „балерина”. Цветовите се двојни или единечни и ги има како двобојни (бело-розови, црвено-бели, розово-виолетови и сл.) и како еднобојни од светлорозова до темновиолетова.

Услови за одгледување

Види

iMow: Косилката си коси, а Вие не мрдате ни со прст

Не, не е сон, туку фасцинирачка вистина: веќе не мора сами да ја косите тревата, …