20.04.2024
Почетна / Совети / Покривач на потстојниот вегетациски кат

Покривач на потстојниот вегетациски кат

Kај нас грмушестите видови кои се користат како зелен покривач се употребуваат за озеленување на потстојниот кат, односно во засена, под крошните на постојните дрвја.

Така, мошне успешно се зазеленува дел од површината под почва која доколку не биде засадена со грмушки, сигурно ќе биде проблематична во однос на изборот на соодветна тревна смеса или луковичести растенија за засена, а дополнително ќе биде и потешка за одржување.

Со засадување на полегната мушмулица (Cotoneaster sp.), анамска рака (Lonicera sp.), зеленика (Buxus sempervirens), калина (Ligustrum vulgare), Juniperus squamata, жолтиките (Berberis julianae, B. vulgaris, B. thunbergii ‘atropurpurea’), Ruscus hypoglossum под крошната на дрвјата, односно непосредно до деблото ќе се постигне убав ефект на покривање на површината со растителна прекривка декоративна по своите листови.

Со Vinca major, некои видови на мајчина душичка (Thymus spp.), Santolina spp., рoзмарин (Rosmarinus spp.) и лавандер (Lavandula spp.) зелениот грмушест покривач ќе се збогати со миризливи и украсни цветови, а градината ќе добие интересни бои и текстура. Махонијата (Mahonia aquifolium), пак, е еден комплетен грмушест вид, украсен во текот на целата година со своите листови, соцветија, бобинки и општиот надворешен изглед.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …