Почетна / Градина / Хортикултура / Најстарото Бонсаи дрво се наоѓа во Македонија

Најстарото Бонсаи дрво се наоѓа во Македонија

source link 23/07/2018 Хортикултура

buy provigil israel Бонсаито (мало засадено дрво во сад) потекнува уште од времето на египетската култура, а некои „се враќаат“ и до 4.000 години п.н.е. истражувајќи го неговото потекло.

Фараонот Рамзес Трети на стотина храма им подарил градини со маслинки и палми, кои биле засадени во саксии, а имале главно медицински, лековити цели.

Волшепството наречено „пензаи“ се појавува во времето на династијата Џин во Кина, во периодот од 256 – 420 година н.е., а во Јапонија се развива во времето на кинеската династија Сонг. Естетските принципи за бонсаи ги поставува еден јапонски зен-калуѓер, додека комерцијализацијата на бонсаито се случува дури во 19 век, кога завладува феудализмот во Јапонија, и тогашните трговци се среќаваат со тоа мало џуџесто дрво со огромна филозофија во себе.

Во 19 век бонсаито доаѓа и во Европа, а основоположник на бонсаи-културата во Македонија е Благоја Сотировски Џагуре. Според тврдењата на многу експерти по хортикултура од странство, првенствено на оние што се посветени на проучување на дрвјата бонсаи, во Македонија се наоѓа еден редок вид бонсаи дрвце – македонска зеленика.

Таа македонска зеленика, Вардарска долина, се смета за најстаро бонсаи во светот и го чека своето објавување во Гинисовата книга на рекордите, а денес се чува во градината на „Хорти експерт МК“. „Ова бонсаи е старо речиси цели 557 години, има дебелина на стебло од околу 36 сантиметри и не може да се спореди со моменталниот рекорд на бонсаи, кое е во Англија и е старо околу 300 години.

Нема споредба ни во староста, ни во автентичноста, ниту во убавината што ја има оваа наша зеленика. Цена не постои за ова бонсаи. Ни се јавувале многу колекционери од секој дел од светот, но македонската зеленика – вардарска долина, за нас нема цена, таа е нешто бесценето“, вели Мите Филков, косопственик на „Хорти експерт МК“ и вљубеник во бонсаи-уметноста.

Извор: мкд.мк

Види

Бунгаловата градина ќе ве освои на прв поглед

Градината подолу на фотографиите се наоѓа во Њупорт бич, Калифорниа, Сад. Дизајнирата е од страна …