Почетна / Градина / Совети / Одгледување на боровинки

Одгледување на боровинки

click 30/01/2018 Совети

go site Боровинката претставува повеќегодишен џбун со различна висина, во зависност од подвидот (европската е висока од 25 до 40 см, додека американската од 70 до 120 см).

Во Македонија, на високите планински врвови, природно расте европската боровинка. Кореновиот систем е плиток и се простира на длабочина од 15 до 60 см.

Цвета релативно доцна (во наши услови во месец мај), со што ги избегнува пролетните мразеви. Плодовите, во зависност од сортата, зреат од третата декада на јуни до крајот на јули. Богати се со витамини, антоцијани, шеќери и сл.

Поради овие карактеристики на плодот, се користи во свежа состојба и за различни преработки. Боровинката има специфични барања кон почвата и климата. Успева на богати почви со содржина на хумус повеќе од 3%, длабоки до 50 см, растресити и со кисела реакција (Ph 4.3 до 4.8). За успешно одгледување, боровинката бара висока релативна влажност на почвата, воздух и врнежи од околу 800 мм. Во однос на температурата, особено во ниски температури е доста отпорна и издржува до -25°C. При планирање и подигање на насади, горенаведените барања треба да се земат предвид. Особено треба да се внимава на почвата и почвениот тип, содржината на хранливи материи и хумус, ПХ реакцијата и сл.

Доколку некој од овие параметри не одговара, потребно е да се направи обид за негова корекција, а доколку тоа не е можно, тогаш на такви површини не треба да се подига насад. Растојанието на садење меѓу редовите изнесува од 1.8 до 2.5 м, додека пак во редот се садат на растојание од 0.8 до 1.5 м, во зависност од сортата, почвата и механизацијата. При подигање на насад најдобро е да се користат контејнерски садници, најмалку две до тригодишни. Садењето може да се направи наесен и напролет, со задолжително полевање по садењето.

Насадот од боровинки подигнат наесен и со постари садници, дава род уште истата година, а за две до три години одгледување, со добра агротехника, може да ја достигне својата полна родност, и во зависност од сортата, локацијата, агро и помотехничките мерки, да се добие принос од 6 до 10 т/ха. Високоџбунеститe (американски) боровинки во поголема количина садници се интродуцирани пред десетина години, при што се засадени 12 опитни парцели на разни локации од Македонија. Најдобри, со добар прираст и продукција, боровинките најмногу успеваат во подножјето на планината Беласица во Струмичкиот регион.

Автор: доц. д-р Тошо Арсов

Извор: ФФРМ

Види

Таа е преубава, повеќето ја имаме дома, иако сокот на растението содржи стрихнин кој е многу отровен

Дифенбахијата „Dieffenbachia“ потекнува од семејството Змијарникови (Araceae). Ова е многу популарно украсно растение. Потекнува од …