Почетна / Градина / Вести / Лековитата моќ на сончогледот

Лековитата моќ на сончогледот

go 29/01/2018 Вести

click here Семките од сончогледот содржат многу хранливи и корисни состојки. Тие се богати со омега 3 масни кисeлини, кои помагаат во зачувувањето на влажноста на кожата, спречувањето на нејзиното сушење, ја зголемуваат нејзината елaстичност и цврстина.

Едно истражување покажало дека кожата на луѓето, кои во текот на 6 недели јаделе дневно само 2 грама семки од сончоглед, значително кожата им се подобрила и исчезнале лузните од акните и флеки и другите разни кожни иритации.

Кожата на истите луѓе подоцна им станала поеластична, помека и помлада. Во семките на сончогледот има и присуство на количество на витамин Е и селен, кои исто така се важни за здрава и убава кожа.

Некои салони за убавина за пилинг, користат смеса од брашно од сончогледови семки и вода. Тој дејствува и против воспаленија, ги штити срцето и крвните садови. Содржи и инулин, кој дејствува против болките во грлото, засипнатоста, бронхитот, воспалението на белите дробови.

Сончоглед во растворена во вода може да се користи и за плакнење на устата при воспаление на грлото и крајниците. Исто така за оваа намена може да се користат и варени листови од сончоглед. Маслото од сончоглед содржи голема концентрација на повеќекратно заситени масни киселини, кои се важни за здравјето на крвните садови. Покрај тоа, тој помага и во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта.

Види

Богатството на Демир Капија: Белоглав мршојадец (Gyps fulvus)

Најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на …