Почетна / Градина / Вести / Свиленото дрво, познато како „Албиција“

Свиленото дрво, познато како „Албиција“

go to link 19/07/2018 Вести

http://communicatebetter.net/pharmacy/beglan/ Албицијата (Albizia julibrissin), позната уште како “свилено дрво” е вид од родот Албиција. Ова широколисно дрво (слика 1) потекнува од југоисточна Азија и е широко распространета во Кина, Кореја, Иран.

Се одгледува во речиси сите држави во САД, каде е добро аклиматизирана и се користи за декоративен изглед.

Растението се нарекува често и “заспано дрво”, бидејќи приквечер лисјата му се затвораат во заспана положба.

Височина може да достигне до 12 метри. Кората му е сивозелена. Листовите се со должина меѓу 20 и 45 см и ширина 12-25 см. Боите му се многу убави, од бледорозови до црвени и служат за храна на пчелите, пеперутките и некои видови птици.

Одделни растенија можат да се видат во северните области, но таму тие страдаат од пониските температури, бидејќи албицијата може да издржи до околу -16 степени. Се одгледува лесно и може да ја видите во скоро секој двор на приморските куќи, каде што дава егзотичност.

Периодот на цветање е од крајот на јуни до септември и старите листови редовно се отстрануваат. Се размножува преку семе.

Ако имате зимска градина, може да одгледувате „Albizia lophantha“ (слика 2). Таа цвета од март до мај со кремавожолти, долги до 8см соцветија и ако зимува на светло, го задржува својот листот. Двата вида се погодни за бонсаи.

Види

Богатството на Демир Капија: Белоглав мршојадец (Gyps fulvus)

Најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на …