Почетна / Градина / Животни / Кои се најагресивни кучиња?

Кои се најагресивни кучиња?

here 02/03/2018 Животни

http://huertosocialclub.com/wp-content/plugins/dzs-portfolio Јазовичарите се најагресивни кучиња, а не вечно обвинуваните питбули, ротвајлери, соопшти Daily Mail. Тие може да се мали, но американските научници открија дека секој петти дакел гризе или се обидел да касне непознати.

Исто толку напаѓале други кучиња, а секој 12-и е гризе сопственици. Јазовичарите, наречени виршли поради продолженото нивно тело, досега немаа страшна репутација. Првично сепак тие биле ловечка раса.

На второ место по непријателство се малите Чивава. Тие редовно касаат, или се обиделе да гризат луѓе, сопственици и други кучиња.

Друго ситно милениче е Џек раселот кое е на третото место. Научници од Универзитетот на Пенсилванија анкетирале 6.000 сопственици на кучиња, за да го анализираат однесувањето на миленикот. Малите раси може да се склони кон генетско агресивно однесување, вели д-р Џејмс Серпал од тимот.

“Пријавените нивоа на агресивност се вознемирувачки во некои случаи, кога каснатите или обидите за каснување стигнуваат до 20 отсто кон непознати луѓе и 30 проценти кон непознати кучиња” – додаде тој. Досега истражувањето на кучешката агресивност речиси целосно се базира на анализа на статистика за каснувања. Научниците сепак истакнаа дека овие податоци може да се лажни, бидејќи повеќето инциденти не се соопштуваат.

Тони Фит-Севиџ, претседател на Британскиот клуб на сопствениците на Чивава, додаде: “Гледам кучиња Чивава повеќе од 30 години и никогаш заради нив човек не влегол во болница, иако понекогаш да се нервозни.” Расата со најниска агресивност е басет, па следат: златни ритривери, лабрадори, сибирски хаски и песови.

Види

Почнува аплицирањето за добивање на средства од „Програмата за рибарство и аквакултура“

Од денеска до 9- ти јули 2018- та година, сите кои сакаат да градат нови …