Почетна / Градина / Животни / Pseudochazara chingovskii (Чингова окатка)
Poster 01

Pseudochazara chingovskii (Чингова окатка)

26/02/2018 Животни

http://paperbomb.com/wp-json/oembed/1.0/embed?url=http://paperbomb.com/100grand Ова е ендемична пеперутка за Македонија што значи дека може да се сретне само на Плетвар, прилепско, на површина не поголема од 1.5km2 и на ниедно друго место во светот.

Овие пеперутки се светло сиво обоени со што успешно се прикриваат од предаторите на исто така сивите камења и е одличен пример за камуфлажа. Оваа пеперутка е симбол на нашата држава, отсликана на поштенска марка.

Таа е член на подфамилијата Satyrinae (Окати пеперутки).

Пределот кој го населува е сув, со каменита, варовничка подлога, која е прекриена со ретка вегетација, на надморска височина од 1000 до 1200m.

Како адултна единка, пеперутка, лета од крајот на јули и почеток на август кога и се размножува и полага јајца, но сѐ уште не е потврдено во која форма ја минува зимата.

Главна закана за опстанокот на оваа пеперутка е каменоломот кој се наоѓа блиску до нејзиното живеалиште. Потврда за ова е тоа што постојат податоци дека големината на популацијата во изминативе години е намалена за 30%, односно брои не повеќе од 10 000 единки.

Дополнително, како многу други ендемични, ретки и естетски интересни пеперутки, така и оваа македонска пеперутка е цел на многу колекционери низ светот, што претставува уште една закана за опстанокот на овој вид (http://goo.gl/53scG). Затоа чинговата окатка е ставена на црвената листа на IUCN (International Union for Conservation of Nature) како критично загрозен вид, што претставува најалармантната состојба за било кој вид.

Извор: Истражувачко друштво на студенти биолози

Види

Почнува аплицирањето за добивање на средства од „Програмата за рибарство и аквакултура“

Од денеска до 9- ти јули 2018- та година, сите кои сакаат да градат нови …