Почетна / Градина / Храна / Зошто доматите го губат вкусот во фрижидерот

Зошто доматите го губат вкусот во фрижидерот

watch 18/01/2018 Храна

can you buy Prozac over the counter usa Бројни специјалисти за исхрана препорачуваат доматите да не се чуваат во фрижидер. Сега оваа теза го има и своето научно објаснување.

Научниците докажале дека при чување во фрижидер, на црвените плодови некои од гените престануваат да произведуваат ароматични материи, соопштија американските медиуми.

Ако доматите се чуваат под 12 степени Целзиусови, формирањето на важни состојки запира, тврдат научниците, кои ги побарале генетските корени на проблемот.

Ова го намалува нивниот мирис, без разлика дали се оладени во куќи или во магацин, пред да стигнат до продавница.

Откритието ќе им помогне на професионалците да ги одгледуваат доматите, чиј вкус не страда од ладењето рече Дениз Тајм од Универзитетот на Флорида во Гејнсвил. Заедно со колегите во Кина и САД, таа утврди дека седум дена чување кај 4 степени Целзиусови се доволни доматите да престанат да ги произведуваат материите кои го обезбедуваат карактеристичниот нивни мирис, кој е клучен за нивниот вкус. Ако потоа бидат оставени три дена на собна температура, штетата не се компензира.

Ако доматите се чуваат на ладно до три дена, сепак, тие не ги губат нивните мирисни материи.

Види

Правила на собирање на печурки

1. Печуρκите се собиρаат во κошници (таκа се ρасејува споρовиот пρав) 2. Печуρκите се беρат …