Почетна / Градина / Животни / Дојранскиот рак се враќа во Дојранското Езеро

Дојранскиот рак се враќа во Дојранското Езеро

buy generic Pregabalin online 12/01/2018 Животни

buy Lyrica canada pharmacy Во Дојранското Езеро повторно вирее ракот. Намалувањето на речниот рак во водите на Дојранското Езеро имаше негативен ефект и врз опстанокот на четирите дојрански ендемични бранхиобделиди. Со враќањето на водата, заживува и самото езеро, пишува Фронт.мк.

По долги години, едeн од симболите на Дојран, дојранскиот рак се враќа во водите на древното езеро. Дојранските домаќинки, угостителите, се уште го паметат мирисот на неделниот ручек ориз со рак. Но најголем мaрифет сепак бил ѓувечот со рак. Денес низ кафеаните во Дојран прва на менито е рибата, но ракот се уште важи за незаменлив деликатес. До седумдесеттите години на дваесеттиот век, Дојран извезуваше околу 50 тони ракови годишно. Во езерото се среќаваат три вида ракови, меѓу кои и ендемскиот балкански слатководен рак.

Драстичното намалување на популацијата на речниот рак во водите на Дојранското Езеро, имаше негативен ефект и врз опстанокот на 4-те дојрански ендемични бранхиобделиди. Видеото е снимено од жител на Стар Дојран. Споделете ја оваа радостна вест на почетокот од Новата година!

Види

Мислел дека волкот е смрзнат, кога го удрил со нога следело вистинско изненадување! (Видео)

Група ловци доживеале навистина непријатен настан кој можел да заврши фатално. За време на ловот …