28.03.2024
Почетна / Градина / Животни / Туна тешка 405 килограми се продаде во Токио за 323.000 долари

Туна тешка 405 килограми се продаде во Токио за 323.000 долари

405 килограми туна беше продадена за 323.000 долари на познатиот јапонски пазар за риби, Цукиџи, кој се наоѓа во Токио.

Таа беше „Хит“ на првата аукција на годината, објавија светските медиуми.

Гигантот е уловен во водите на Тихиот Океан, во јапонските води, во близина на пристаништето Ома.

Но, сумата од 323.000 долари е далеку од рекорд кога станува збор за продажба на туна.

Во 2013 година, 222 килограми туна беше продадена за 1,75 милиони долари.

На првата аукција на пазарот минатата година, шефот на јапонскиот синџир на суши ресторани платил над 600.000 долари за риба туна од 212 фунти.

Во 2013 година, туна од 489 килограми била продадена за 1,76 милиони долари.

Следната година, аукциите на риба ќе имаат нов дом. Пазарот ќе биде префрлен во областа Тојосу.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …