19.04.2024

Аукуба

Аукубата потекнува од Јапонија, Кина и Тајван.

Тоа е грмушка која има мазни зелени гранки. Долги се 2-3m и погодна за одгледување како саксиско цвеќе.

Има повеќегодишни листови кои се распоредени два по два во спротивна положба и сјајни со светлозелени или бели шари зависно од многубројните сорти.

Пазувните цветови имаат пурпурна боја. Плодовите се светлоцрвени, во вид на сјајни бобинки со елипсеста форма и зреат во есен и остануваат преку зимата се до март или април.

Се садат на пролет или на есен на отворено, во сенка или во полусенка. Се полеваат пообилно во текот на топлите и жешки денови и кога земјата е сува.

Види

Рафлесија – најголемoто цвеќе во светот

Ова растение се нарекува Рафлесија „Rafflesia arnoldii“ и може да се најде во дождливите шуми …