28.03.2024
Почетна / Градина / Храна / Производителите на ориз ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар

Производителите на ориз ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочански ориз“ во Кочани. Со симболично зажнејување на оризот на нивите на Институтот за ориз во Кочани, министерот Николовски и официјално го означи почетокот на годинешната жетва на ориз. Денеска на денот на оризот, министерот Николовски им порача на производителите на ориз дека ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар, за што Владата ќе донесе одлука.

“Владата ќе донесе одлука за зголемување на субвенциите од 18.000 денари по хектар за засена површина со ориз, односно дополнителни 18.000 денари на веќе постоечките субвенции.Со ваквото значително зголемување на субвенцијата, сакаме да ги мотивираме оризопроизводителите, но и покажуваме колку ни е важна оваа култура, која е карактеристична за овој регион и од која егзистираат многу семејства.Освен зголемувањето на субвенцијата во наредниот период ќе работиме на обезбедување непречен пласман на оризот, но и изнаоѓање на нови пазари“, изјави Николовски.

Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, досега за мерката за засеана површина со ориз се исплатени 80 милиони денари субвенции, а за произведена и предадена арпа 15 милиони денари, или вкупносе исплатени 90 милиони денари субвенции за ориз.

Види

Соковите од зеленчук се лековити и корисни

Најздравите својства на овошните сокови се добро познати. Но, придобивките од зеленчуковите сокови не се …