Почетна / Совети / Земја за цвеќе по рецептот на Индијанците

Земја за цвеќе по рецептот на Индијанците

03/08/2018 Совети

buy Gabapentin 300mg uk Секоја година Германија од Балтичките земји увезува 14 милиони кубни метри тресет за производство на земја за цвеќе. Последиците се – големи штети за околината. Таа експлоатација би можела наскоро да стане минато.

На Академијата за градинарство во германската покраина Рајнланд Пфалц експериментално се одгледува зеленчук. Цвеклото е поголемо отколку на кое било друго место. Расне брзо и тоа без ѓубрење и наводнување. Тлото е покриено само со еден слој црна земја. Тоа е т.н. „Тера Прета” произведена по древниот рецепт на амазонските Индијанци.

Суровините доаѓаат од тој германски регион, а основата се сеното и градинарските отпадоци, билошкиот отпад и остатоците за производство на био-гас. Сето прво се меле, а потоа се меша со јаглен, бактерии и со габи. Тој процес е заштитен со патент насекаде во светот:

„Ако селанецот во Африка сака да произведува црна земја, ние тоа го поддржуваме. Ние сакаме технологијата да се шири. И тоа што побрзо, што повеќе површини да се покриваат на овој начин. Не сакаме никого да го ограничуваме. Но, сакаме одреденото постигнато ниво на квалитетот да се задржи,” вели Јоахим Бечер, раководител на проектот.

Пилот постројката може да произведува 150.000 вреќи со црна земја. Пластична вреќа од 10 литри чини осум евра. Половината од производството се продава директно, а другата заминува за истражувачки проекти.

Seroquel overnight Помалку се наводнува и ѓубри, го врзува штетниот за околината јаглероден диоксид…

Види

Крап на дојрански начин

Еден од специјалитетите на Дојран е дојранскиот крап, кој го има само таму и се …