29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Бактерии кои произведуваат енергија

Бактерии кои произведуваат енергија

Проучувајќи ги бактериите кои живеат во реката Вер во северниот дел на Англија, научниците на оваа земја откриле огромен енергетски потенцијал на бактериите под латинско име „bacillus stratosphericus“.

Научниците од универзитетот Њукасл откриле дека микроскопските организми кои ги собрале во коритото Вала содржат во себе голем потенцијал на обновлива енергија, способна да одговори на мали енергетски побарувања.

Студијата која ја спровела мултисциплинарната екипа научници проучувала 74 видови бактерии меѓу кои и оние со енергетски потенцијал.

Меѓу нив е „bacillus stratosphericus“, која се наоѓа во големи количества и во атмосферата, на 30 километри над површината на Земјата, и која произведува двапати повеќе електрицитет отколку останатите собрани организми. Ова е првпат микроорганизмите да се проучуваат со оваа цел. Со овој пронајдок отворивме пат кон нова техника за создавање обновливи извори на енергија.

Околу нас има милијарда микроби кои се способни да создаваат енергија, изјави професорот по биотехнологија и коавтор на студијата Грант Барџиз. Целта на научниците е да направат комбинација од најмоќните бактерии кои би произвеле што повеќе енергија за напојување на енергетските станици на принцип сличен на соларните ќелии.

 

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …