20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / КИНА ЈА ГРАДИ ПРВАТА „ВЕРТИКАЛНА ШУМА“, ЌЕ ПРОЧИСТУВА ДО 25 ТОНИ ЗАГАДЕНОСТ ВО ВОЗДУХОТ (ФОТО)

КИНА ЈА ГРАДИ ПРВАТА „ВЕРТИКАЛНА ШУМА“, ЌЕ ПРОЧИСТУВА ДО 25 ТОНИ ЗАГАДЕНОСТ ВО ВОЗДУХОТ (ФОТО)

Во борба против големото загадување, Кина започна да ја гради првата „вертикална шума“ во Азија коа ќе призведува 60 килограми кислород на ден.

Во рамките на проектот „Нанџинг Зелени кули“ ќе бидат зградени два облакодери кои ќе бидат во висина од 200 метри. Повеќе од 1.000 дрва и 2.500 билки ќе ги окриваат терасите н кулите, на сличен начин како што се направени познатите „Боско Вертикале“ во Милано.

Зеленилото ќе покрива површина од 6.000 квадратни метри, а се очекува да апсорбира 25 тони јаглен диоксид секоја година.

На повисоката зграда на осмиот од 35 катови ќе се наоѓа и деловна просторија, а ќе има и музеј, школо за „зелена архитектура“ и приватен клуб на врвот. Во пониската зграда ќе биде сместен луксузен хотел од 247 соби, а на кровот ќе има базен.

Завршување на изградбата се очекува во 2018 година.

Позади овој проект стои истиот тим на архитекти што ги градеа кулите во Милано и во Лозана, Швајцарија.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …