28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Drosera rotundifolia

Drosera rotundifolia

Видовите од родот Drosera се инсектоворни растенија, застапени во планинскиот регион на Алпите, во северна Европа, поточно во Скандинавските земји, а кај нас се среќава на сфагнумските тресетишта на локалитетот Буковиќ, Пехчево.

Растението се исхранува со инсекти. Овој карниворен начин на исхрана претставува приспособување кон живеалишта богати со органска материја, каде што неорганските материи се недостапни, а pH реакцијата на почвата е кисела.

Инсектите се привлечени од црвената боја на растението и светлечките капки желатинозна материја која ја излачува.

Понатаму со помош на своите ензими ги разложува прилепените инсекти, користејќи ги од нив нитратите и другите хранливи материи кои му недостасуваат.

Во сите надземни делови содржи хетерозид розолизин, кој по хидролизата и оксидацијата на агликонот ослободува нафтохинонски дериват плумбигин. Droserae herba содржи поголеми количества на флавоноиди и танини. Алкохолниот екстракт од дрогата (тинктура) покажува спазмолитичко (против болки во стомакот) и антисептично (антибактериско) дејство. Во поголемо количество се користи за изработка на сирупи со антитусично дејство (против сува кашлица).

Поради нерационалната експлоатација природните наоѓалишта се сѐ поретки, со што е засегнат опстанокот на овој вид.

Автор: Ива Додевска

Извор: Истражувачко друштво на студенти биолози

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …