28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Македонија губи 20 отсто од земјоделското производство поради несоодветно складирање

Македонија губи 20 отсто од земјоделското производство поради несоодветно складирање

До 20 отсто годишно достигнуваат загубите во македонското земјоделство поради несоодветното складирање, покажува последната анализа на „Руралана коалиција“.

Во светски рамки, овој тип загуби во агро бизнисот се движат од 5 до 10 отсто.

– Секоја година голем дел од земјоделското производство во Македонија пропаѓа поради несоодветно чување, во импровизирани складишни простории кои се под влијание на временските услови. Ова е една од причините што ги принудува земјоделците да вршат продажба на производите по многу ниски цени или да ги фрлaат, стои во анализата.

Несоодветното чување на производството го намалува квалитетот поради што и цената се намалува.

– Овој проблем се уште е еден од најгорчливите за македонското земјоделство, а најмногу ги засега производителите на јаболко, праска, круша, трпезно грозје, домат, компир, наведува „Руралана коалиција“.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …