Почетна / Градина / Животни / Царски орел во Сопот

Царски орел во Сопот

http://pollymorris.co.uk/k120-representation/A-rhythm-eef7-V-169.cgi 04/04/2018 Животни

where can i buy Lyrica tablets Повеќепати досега бил пуштан на слобода, но по неколку кругчиња во воздухот, повторно се враќал кај луѓето што се грижат за него веќе шест години Царскиот орел, светски ретка грабливка, шест години живее во дворот на семејството Филипови во кавадаречкото село Сопот.

Орелот од бебе живее во волиера од околу 16 квадратни метри, а името Роналдо го добил според бразилската фудбалска ѕвезда. Неколкупати досега бил пуштан на слобода, но по неколку крукчиња наоколу, повторно се враќал во дворот.

Грабливецот иако по природа е убиец, станал миленик и атракција за посетителите. Филипови велат дека го чуваат од љубов и не би го продале за никакво богатство, иако имале понуди за трговија.

Зоолошката градина од Битола се обидела да го купи Роналдо, но понудата им била одбиена. Претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање исто така безуспешно се обиделе ретката птица да ја однесат во Зоолошката градина во Скопје. Но, како што тврдат сопствениците на птицата, на крајот сите сфатиле дека нејзиниот дом е во Сопот. Стручни лица постојано го надгледувале орелот, кој во дворот на Филипови стигнал по една палава детска игра.

Пред шест години, кога Роналдо немал се’ уште доволно пердуви, деца го зеле од гнездото, кое го пронашле во близина на селото. Тие не можеле да претпостават дека со тоа ја осудуваат птицата да биде отргната од дивиот свет и законите што владеат во природата. Многу од животните и птиците во дивината не ги сакаат своите малечки ако на нив осетат траги од човек. За жал, токму тоа се случило со малиот грабливец. Се обиделе да го вратат во гнездото, но тоа веќе било пусто.

Царските орли засекогаш го напуштиле гнездото и оттогаш им се губи трагата. Не знаејќи што да прават со малата птица, децата ја донесле кај Ангел Филипов, кој е ловец и љубител на животните и на птиците. Роналдо немал среќа родителите да го научат да лета и да се брани од непријателите во природата. Сега се шета во дворот во Сопот, може да лета само стотина метри и повторно се враќа. – Припитомен е, но нема кондиција за летање и да се одржува во висина. Не знае да лови и да се брани од природните непријатели. Дури и да го пуштиме сам во дивината, нема да може да опстане и многу лесно ќе стане плен на предаторите – објаснува Филипов. Според него, стручни лица може да го обучат сам да се снаоѓа во природата и во тој случај би го пуштил во дивината. – Најстрашно за животните и за птиците што човекот се обидел да ги припитоми е кога ќе му помине меракот и ги пушта во природата. Тоа за нив е еднакво на убиство – вели Филипов.

Царскиот орел, според стручњаците, е педесет проценти ловец, а педесет проценти мршојадец. Секоја грабливка е убиец освен мршојадците, кои немаат органи за убивање.

– Овој орел може да убие срна, лисица, јагне, јаре, зајак и птици. Опасен е. Ако те зграпчи со развиените канџи, кои се долги и српести, со многу јаки жили и мускули, не можеш да се ослободиш – објаснува тој. Филипов открива дека Роналдо си го знае името и е мирен се’ додека другите се фини со него. Веднаш напаѓал со канџите ако некој се обидел да му се приближи на негова територија.

– Испушта специфични крикови кога го менува расположението. Ние ги научивме тие крикови. Со нив ни кажува дали некој е пријател или непријател. Нас не не’ напаѓа кога влегуваме во волиерата. Со текот на годините, станавме пријатели. Ни го познава гласот, а најмногу ги сака моите две малолетни деца, но и другите деца – раскажува Филипов, додека слободно му го подава прстот во клунот.

Стручњаците велат дека грабливките во зоолошките градини, каде што има доволно храна, живеат до 70 години, а во дивината околу 50. Децата од Сопот се надеваат дека Роналдо ќе живее долго и дека ќе им прости што го зеле од гнездото и го оттргнале од неговото царство во дивиот свет. Македонија, заедно со Бугарија, Србија и со Грција, беше една од земјите во кои неодамна се спроведе меѓународен проект за заштита на царскиот орел.

Царските орли, како и лавовите, се симболи во повеќе кралства. Тие имаат распон на крилјата и до три метри. Можат да достигнат тежина најмногу до четири килограми. За орелот во Сопот не може да се каже дали е мажјак или женка. Велат дека овие птици се исти и се разликуваат само ако се една до друга. Тогаш, поголемата птица е женката. Тоа значи дека само кога се во двојка, може да се знае која е женка. Кај овие птици полот не се разликува по надворешниот изглед, велат стручњаците.

Извор: крале марко

Види

Човек се сретнува со Горила која живеела со него 5 години!

Погледнете како горилата реагира на човекот кој ја одгледал, после 5 години од нејзиното враќање …