20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Објавени два јавни повика за Програмата за рурален развој

Објавени два јавни повика за Програмата за рурален развој

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во координација со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, објави два јавни повика за Програмата за рурален развој. Двата јавни повика произлегоа од последната одлука на седницата на Владата одржана на 03.08.2017 година за измени на Програмата за рурален развој.

Едниот јавен повик е за доставување на барања за користење на финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства за млад земјоделец, но со нови променети критериуми за аплицирање. На седницата што се одржа на 03.08.2017 година Владата донесе одлука за измена на Програмата за рурален развој токму во делот на мерката за „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност”. Станува збор за нови променети критериуми кои ќе помогнат средствата да завршат кај вистински земјоделци.

Вториот јавен повик е за финансиска поддршка за подигање на повеќегодишни овошни и лозови насади и за набавка на приплоден добиток. Со оглед на тоа што рокот од 29 фебруари воопшто не бил објавен ,со измените во овој оглас кои ги донесе Владата, им се излегува во пресрет на земјоделците кои извршиле есенско подигање во 2016 година и на оние кои извршиле пролетно подигање во 2017 година. Сите кои подигнале насади ќе можат да поднесуват барања за исплата до 1-ви септември.

Само овие две нови мерки, во согласност со програмата на Владата, ќе овозможат директен трансфер на 6 милиони евра, кои овој пат ќе завршат кај вистинските земјоделци до крајот на годината.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …