24.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Моторните пили од марката STIHL се едни од најпознатите моторни пили во светот

Моторните пили од марката STIHL се едни од најпознатите моторни пили во светот

Моторните пили, или синџирски пили се мошне практична алатка, чиј развој датира од пред скоро еден век. Со оглед на фактот што дрвото е еден од најстарите репроматеријали, познатите производители на моторни пили, децении наназад со својот развој постојано се трудат да ги направат што поудобни за користење, а во последно време и поеколошки, во согласност со законите и нормите за животна средина.

Тие сечат со запчест синџир и работат на околу 15.000 вртежи. Тоа е сериозна машина, која ако не се користи правилно, може да ја загрози физичката безбедност на корисникот. Затоа ракувачот мора да биде увежбан, и строго да се придржува кон упатството за употреба.
Постојат бензински и електрични моторни пили, од кои едните се наменети за работа во шума и на отворен простор, а електричните за градежнички работи и во затворени простории, каде не смее да има издувни гасови. Моторните пили од марката STIHL се едни од најпознатите моторни пили во светот. Тие го олеснуваат сечењето на огревното дрво со многу добра влечна моќ. Иновативната техника која ја поседуваат ги прави особено сиромашни со издувни гасови, тивки и со ниско ниво на вибрации. Кај STIHL постојаното вложување во нови технологии, ергономија, екологија и нивните високи стандарди резултираат во производ, кој со соодветно одржување во овластените сервиси, може да се користи и 2-3 генерации.
За повеќе кликнете ТУКА

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …