Почетна / Градина / Вести / Чаевите кои се погодни според крвната група

Чаевите кои се погодни според крвната група

go to link 07/08/2018 Вести, Лек

enter site За секоја од групите постои храна која може да ја намали животната активност на човекот и таква која може да ја зголеми. На ист начин, според крвната група, може да се одреди и каков чај треба да пие секој од нас.

* Ако сте крвна група АB, тогаш најверојатно сте исклучително интуитивни и сте од луѓето кои не се склони кон стрес, за разлика од останатите крвни групи.

Обично луѓето со крвна група АB имаат и намалено либидо.

За мажите се препорачува да пијат чај мешавина од нане и коприва. Одличен избор за сите претставници на оваа крвна група се сандалово дрво, божур, зелен чај и нане. Особено погодна е комбинацијата меѓу нане и зелен чај.

* Ако сте крвна група B, тогаш вашиот организам е склон да се разболи од автоимуни заболувања, летаргични сте, имате проблеми со спиењето. Генерално луѓето со крвна група B имаат одржлив дигестивен систем, но пак слаба заштита од бактерии, претежно од бактеријата ешерихија коли.

Препорачливо е да пиете чај од брусница, зелениот чај е исто така погоден за вас. Многу корисна е и комбинацијата меѓу маточина и мудрец (салвија).

* Оние кои имаат крвна група А, се исклучително емоционални и лесно подлегнуваат на стресни ситуации. Поради тоа, повеќето од нив имаат високи нивоа на кортизол (тоа е хормонот на стрес).

Растителната храна е исклучително корисна за овие луѓе, а за да го поразат стресот, подобро е да се оддадат на јога и медитација. Чаевите кои се препорачуваат како најпогодни, се мешавина од невен и мајчина душица или зелен чај и јасмин.

* Нулта крвна група – јадењето месо е од исклучително значење за сите кои се од оваа крвна група. Она што не е добро да консумираат често се глутенот и млекото. Овие луѓе умеат да се заштитат од стресот. Препорачан чај за луѓето од оваа крвна група е од женшен, зелен чај и ѓумбир.

Види

Богатството на Демир Капија: Белоглав мршојадец (Gyps fulvus)

Најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на …