Почетна / Градина / Растителна или хортикултурна терапија

Растителна или хортикултурна терапија

source url 30/03/2018 Градина, Хортикултура

http://fischerjordan.com/includes/B2/ege-2013-demo-variant.html Веќе стана невозможно да се избегне стресот во секојдневниот живот, па нема друго освен постојано да се соочуваме со него. Ако не можеме да го совладаме, барем да го ублажуваме.

Всушност, нужно е да водиме постојана битка, да го третираме како наш најголем непријател. Постојат многу начини на борба против стресот.

Во развиениот бизнисменски свет, во кој токму тој е најопасен и со најтешки последици по здравјето, во последно време се поактуелна и се повеќе препорачувана е тн. растителна или хортикултурна терапија (некои ја нарекуваат и зелена).

Имено, познато е дека една од најстарите човечки дејности применета во здравството е градинарството. Работата во градина се препорачувала за лечење на болести на умот и нервниот систем многу пред да се востанови психијатријата како наука.

Стручњаците објаснуваат дека занимавањето со растенија ја претпочита акцијата- работа со нив, одгледување, умножување, штитење, негување, што се доведува до низа терапевтски корисни дејствија. Физичката активност дејствува врз одредени физички, но и емоционални пречки. На пример, лице со инвалидитет кој настанал како последица на болест, сообраќајна несреќа и др., кое себе си се доживува како беспомошно и бескорисно, во хортикултурната терапија може да научи да залева растенија, да отстранува исушени лисја и цветови, да плеви, и на тој начин да сфати дека може да прави нешто корисно. Освен тоа, сфаќа дека постојат и други суштества на кои им е потребна помош и станува заинтересирано да учествува во помагањето на други. Со други зборови, добива волја за живот. Со посматрање на растењето и промените во текот на развојот на растенијата човекот го учи животот и стекнува разбирање кое може да го примени и во други области.

Особено беспомошно се чувствуваат лицата кои се врзани за затворен простор- соба или болница. Утврдено е дека со негово озрачување, со внесување на дел од природата се потпомага индивидуалноста и оптимизмот: вазна, саксија со цвеќе во различни бои, форми и мириси, садови со зачински или украсни растенија на прозорец, па дури и слика односно постер со мотиви од природата или со растенија. Уште една мошне важна димензија на теапевтскиот однос помеѓу човекот и природата: кога е воспоставен „дијалогот“ со нејзиниот „живот“- растителниот свет, неговото растење постојано го следат проблеми, болести, го напаѓаат штетни инсекти, па борбата со сето тоа им помага на луѓето да научат да се борат и со другите фрустрации во секојдневниот живот. Потврдено е дека хортикултурната активност може да биде успешен дел од програмата за лечење на зависност од дрога, алкохол, Интернет. Истражувањата покажале и дека е зголемена ефикасноста на работа во фирми кои имаат цвеќе во ходниците и канцелариите. Посебно се истакнува дека одушевувањето што не обзема додека работиме со растенија го поттикнува постојаното внимание. Кога постојано се концентрираме на работа во градина, забораваме на други работи и практично се одмораме од секојдневните напори, грижи, стресот и други оптоварувања. Не треба да се заборави и влијанието врз јакнењето на мускулите, подоброто дишење, кондицијата…

Види

Се запрашувате како изгледа рајот? Погледнете го овој двор и ќе ви биде појасно

Се запрашувате како изгледа рајот? Погледнете го овој двор кој е проектиран и изведен од …