20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Детелината е магичниот цвет на долговечноста

Детелината е магичниот цвет на долговечноста

Познато е дека детелината е магичниот цвет на долговечноста! Вилијам Волмсли-стариот дедо, ни ја открива тајната за неговата долговечност, а таа се однесува на собирањето на детелина со четири листа.

Ни открива дека досега има собрано околу 500 детелини со четири листови и лично смета дека тие се причината за неговиот долг живот и среќата.

Со ова започнал да се занимава уште пред 15 години, кога и ја пронашол првата детелина со четири листа.

По професија бил поранешен возач на автобус, и е среќно оженет 63 години за својата прва љубов. Искрено верува и се надева дека ова волшебно растение може да му помогне за да стигне до длабока старост. Вилијам Волмсли вели дека сака да подарува детелина со четири листови на неговите блиски, а во му се случило и ова магично растение да помогне и на непознати. Тој еднаш подарил детелина на една жена која играла во бинго сала и чудото се десило.

Потоа истата таа жена потоа го пронашла и го замолила да и подари од овој среќен цвет и на нејзината ќерка, која не можела да забремени. И чудото повторно се случило – девојчето родило близнаци! Оваа вистинска приказна, докажува дека чудата се случуваат и на оние кои веруваат во нив:)

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …