19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Пустината Лут во Иран е најтоплото место во светот

Пустината Лут во Иран е најтоплото место во светот

Американската вселенска агенција (НАСА) со помош на спектрорадиометар на сателитите “Тера“ и “Аква“ ја измери најголемата топлина што се емитува од Земјината површина. Според резултатите на НАСА, тоа е пустината Лут во Иран со измерени 70,7 степени Целзиусови.

Истражувањето е спроведено во периодот од 2004 до 2009, а токму пустината Лут најчесто била рекордер како најтопло место на Земјата. Температурата од 70,7 степени, измерена во 2005 година, е повисока за 12 степени од дотогашниот рекорд измерен во Либија.

Во два наврати кога пустината Лут не била најтоплото место на Земјата, тоа биле долината Квинсленд во Австралија во 2003 година со 69,3 степени и басенот Турпан во пустината Таклимакан во Кина во 2008 година со измерени 66,8 степени Целзиусови.

Сепак, температурите што ги регистрира сателитите на НАСА се разликуваат од оние што можеме да ги слушнеме во временските прогнози, имајќи предвид дека постојат големи осцилации во температурата што се забележува на самата површина на Земјата и на само неколку метри над неа.

Температурата на самата површина научниците првпат ја измериле во 1915 година во Тусон во Аризона, САД, кога е измерена температура од 71,5 степени, додека само еден метар над површината изнесувала 42,5 степени. Двата сателити на НАСА се во состојба да ја скенираат комплетната површина на Земјата во текот на 24 часа.

 

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …