Почетна / Градина / CO2 – лек за поголеми приноси

CO2 – лек за поголеми приноси

http://misolococo.com/feed/?attachment_id=7306 15/01/2018 Градина, Совети

buy Pregabalin online eu Употребата на јаглеродниот диоксид во пластеничкото и оранжериското прозводство претставува една од специјалните мерки за нега на расадот. Стручните лица го сметат за еден од посебните начини за ѓубрење на зеленчукот и на цвеќињата кои се одгледуваат во заштитен простор.

Растенијата за фотосинтеза го користат јаглеродниот диоксид, кој во воздухот е застапен со околу 0,03%. Ако го има во помал процент растенијата во пластениците и оранжериите заостануват во развојот.

Во обратна насока, при поволна температура, светлина и влага, зголемениот процент јаглероден диоксид поволно влијае на процентот на фотосинтезата, а со тоа и на растот и развојот на растенијата, со тоа и на зголемување на приносите.

Со употребата на овој метод во зеленчуковото и производството на цевќиња, растенијата се силни, листовите се зелени и покрупни, цветовите и плодовите порано се формираат … Особено полезна оваа мерка е за карставиците, пиперките, во производството на салатки, боранија, ротквички и домати. Таканареченото гасирање се врши во проветрен пластеник, кога денот е ведар и сончев, најдобро напладне, односно во периодот на 4-5 часа кога има најјако светло. Тогаш инаку во заштитениот простор има најмала концентрација на јаглероден диоксид, а најповолни се условите кога времето е топло.

По спроведување на ова мерка, просторот во пластеникот треба да остане затворен 20 до 24 часа. На ваков начин се зголемува дејството на овој гас, односно, концентрацијата се зголемува за 10 до 20 пати. За оваа намена можат да се користат и некои видови горива, чист јаглерод диоксид во различна агрегатна состојба, како и таканаречениот сув мраз. Станува збор за јаглероден диоксид во цврст облик кој испарува при обична температура, при што не се создаваат штетни споредни продукти.

Оваа мерка според стручњаците препорачливо е да се врши во објектите кои се загреваат со вода, со електрична енергија или со пареа. Во леите во кои се користи биоенергетски материјал нема потреба за дополнително спроведување на оваа мерка, бидејќи со разложување на органските материи, се ослободуваат доволни количини јаглероден диоксид за фотосинтеза.

 

Види

Пет начини да се заштитите од крлежите

Прошетка во природа или во паркот, особено во топло време, се нешто пријатно и корисно …