29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Принцот Чарлс: растенијата комуницираат

Принцот Чарлс: растенијата комуницираат

Се е тивко во градината? Размислете уште еднаш, иако принцот Чарлс упорно веруваше во тоа дека растенијата можат да зборат.

Инаку принцот Чарлс е познат по тоа што им зборуваше на повеќето растенија во нивниот кралски дворец.

Додека сите го мислеа за мрднат и го исмејуваа, тој докажа дека е во право – растенијата можат да комуницираат.

Истражувачите открија како растенијата зборуваат преку модифицирање на гените на зелката кои предизвикуваат производство на гас кога површината на растението се сече или пирсува, соопштува Британската, „Дејлимеил“.

Со додавање на протеинот луцифераз –  што прави светулките да светат во темница – ДНК на растенијата и емисиите може да се следат на камера. Една зелка која имало отсечени листови со ножици, почнала да емитира гас (метил јасмонат) и сето тоа да се пренесува на соседните растенија.

Научниците велат дека тоа ја зголемува можноста растенијата да комуницираат едни со други со “невидливи јазик”, а за тој јазик незнае никој ништо. Се очекува многу набрзо да се откријат деталите околу ова, а главен за презентирањето ќе биде професорот Јан Стјуарт од Ексетер Универзитетот.

Тој вели дека гасот може да предизвика промена во биолошката активност во соседните растенија. “Тоа е фасцинантно да се сфати дека на некој начин преку скриени јазици растенијата комуницираат меѓу себе“.

“Повеќето луѓе претпоставуваат дека растенијата водат еден прилично пасивен живот, но во реалноста тие се движат, чувствуваат и комуницираат” Професорот Ник Смирноф, рече дека тоа не значи дека растенијата болка, бидејќи тие немаат нерви. Професор Смирноф, биохемичар, рече: “Ние успеавме да покажеме на визуелен начин како гасот емитира од растенијата, кога тие се повредени под влијае на нивните соседи.”

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …