28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Teucrium montanum L. – Ива трева

Teucrium montanum L. – Ива трева

Teucrium montanum L. или Ива трева, цвета во периодот од јуни до септември.

Овој вид се среќава на суви и топли места со надморска височина од 800 метри и тоа на варовникова почва со јужна експозиција.

Teucrium montanum L Според системските карактеристики, Teucrium montanum е класифицирана на следниот начин:

Оддел: Magnoliophyta

Класа: Magnoliopsida

Фамилија: Lamiaceae

Подфамилија: Teucrioideae

Род: Teucrium

Вид: Teucrium montanum

Teucrium montanum e повеќегодишно тревесто-грмушесто растение, со висина од 10 до 30 cm. Има ползечки стебла чиј врв е исправен нагоре. На врвните делови од стеблото се сместени цветовите, кои се во вид на полутопчести соцветија.

Венечните ливчиња се светло жолто обоени, додека чашкините ливчиња се зелени и со ланцетовиден облик. Листовите на Ива трева се линеарно ланцетовидни и на долната страна покриени со ситни бели влакненца. Растението цвета во период од јуни до септемри и има специфичен мирис и горчелив вкус.

Овој период е најпогоден за собирање на хербата на ова растение, бидејќи како дрога се користат врвните делови од стеблото со листовите и цветовите. Лековити својства Teucrium montanum содржи кадинин и селинин во најголем процент, тореол, 1,6 диметил нафтален, копаен и терпенол и многу други секундарни метаболити.

Заради овие метаболити, есенцијалните масла на Teucrium montanum имаат антимикробно дејство против сите ентеробактерии (бактерии од цревна флора). Исто така покажуваат и изразито антифунгално дејство особено врз Aspergillus niger, Fusarium oxysporum и Penicillium canescens. Teucrium montanum L

автор: Ива Додевска

Извор:Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ)

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …